| четврток, 6 декември 2018 |

Дете бегалец се бори за живот откако било прегазено од автомобил

Едно шестгодипно дете бегалец е серизоно повредено во главата, откако синоќа во него удрило возило во движење на рурален пат на грчкиот остров Лерос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, локалната полиција соопшти дека детето било со уште еден малолетник, исто така мигрант, а точните околности на несреќата се уште не се јасни.

Поради сеиозноста на повредата, детето со хеликоптер е пренесено во општата болница во Ираклион на Крит.

Локалната полиција отвори истрага за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top