| четврток, 6 декември 2018 |

Само „чудо“ е објаснување: Татко се фрли од 30 метри со синовите во раце – тој настрада, бебињата преживеаја

-Искрено, ова е чудо, се првите зборови на полицаецот кој дошол на мосотот во американската држава Њу Џерси, од којшто неколку минути претходно се фрли татко со две деца во прегратка. И навистина се случило чудо во трагедијата – таткото умрел на самото место, а неговите синови на возраст од една и три години останале живи.

Џон Спикен се обидел од мост висок 30 метри да си го идземе животот себеси и на своите деца, но за среќа не успеал во намерата. Децата се во болница и нивната состојба е стабилна. Годиначето има повреди на градниот кош, едно напукнато ребро и потрес на мозокот, а тригодишниокот поминал подобро од својот брат – тој има само потрес на мозокот.

– Под мостото има грмушки, па најверојатно гранките го ублажиле падот. Немам друго објаснување за ова чудо, вели полицаецот Кристофер Депјут.

Целата драма во Њу Џерси започнала кога пријателот на сопругата на Спикен се јавил во полиција и рекокол дека полудениот Џон му ги земал децата по кавга и заминал со нив со автомобил. Полицијата брзо го лоцирала и стигнала до мостото каде што бил паркиран автомобилот

Таткото не го спрелича ни високата ограда на ностото, која е псотавена поради претходни обиди за самоубиство. Тој паркирал веднаш до оградата, се качил на автомобилот, ја прескокнал оградата и скокнал во смрт со децата, но не успеал и нив да ги поведе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top