Во таа насока претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со партиската делегација денес оствари средба со раководниот тим на една од највлијателните тинк-тенк организации во Брисел, со седиште во Лондон Велика Британија, со Чарли Грант, директор на Центарот за европски реформи, како и со извршниот директор на центарот Иан Бонд.
На средбата се разговараше за повеќе прашања поврзани со актуелните случувања во Македонија и регионот, при што беа афирмирани ставовите за стратешките интереси на Македонија поврзани со интеграциите во НАТО, ставањето на крај на политичката криза наметната од опозицијата, справувањето со мигрантската криза.
–По посетата на САД и Германија, по наша иницијатива дојдовме во посета на Лондон да се сретнеме со повеќе луѓе од политичкиот живот, дипломати, креатори на јавното мислење за да разговараме за Македонија, за предизвиците, проблемите и стратешките ориентации и она што е значајно за нас да пренесеме прецизни информации околу случувањата и околу плановите понатаму. Следуваат избори и по изборите следува нова Влада, така што ова, е добра можност да се зборува за минатото, но уште повеќе за иднината на државата, истакна Груевски по средбата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за средбата со раководниот тим на британска тинк-тенк организација изјави:
–Денес остваривме средба со еден од највлијателните тинк тенкови во Брисел, чие што седиште е тука во Лондон, со кој што разговаравме за сите аспекти значајни за Република Македонија, за се она што досега се случувало, и како реформи и како предизвици, и за се она што очекуваме да се случува, и како планови, реформи и развој кои што се значајни за Република Македонија. Станува збор за исклучително позната организација која што има огромно влијание кај многу политичари и влијателни кругови, така што беше задоволство прецизно да ги информираме за случувањата во Македонија и за она што следува во државата до изборите но и по нив, истакна Груевски.
Директорот на влијателната тинк-тенк организацијата Чарли Грант изјави оти верува дека Македонија ќе стане членка на НАТО што побргу.
-На НАТО му требаат повеќе земји внатре во организацијата, меѓудругото и да се зајакне сигурноста и безбедноста во меѓународни рамки. Не гледам причина Македонија да не стане членка на НАТО што побргу, истакна Грант.
Tој се осврна и на справувањето со мигрантската криза при што истакна дека Македонија одигра клучна улога со справувањето на овој глобален предизвик.
–Европската Унија и Британската влада многу ја почитуваат улогата која Македонија ја одигра справувајќи се со бегалците на Балканот, а кој транзитираа и доаѓаа од Турција и Грција и преку балканските држави кон северна Европа. Македонија имаше конструктивна улога и сите го препознаа тоа, посочи Грант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


