Граѓаните на Република Македонија имаа можност во изминатиов период уште еднаш на дело да ја видат деструктивната политика на социјал демократскиот сојуз и целокупното нивно дејствување во уништување на нашите историски, културни вредности, во нивните лажни ветувања и да ја видат посветената работа на ВМРО-ДПМНЕ во реализација на сето она што е ветено, во реалнизација на целокупната програма и таа разлика е видлива, истакна Елизабета Канческа-Милевска за време на средбите со граѓани во Бутел, во рамки на посетите на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сите оние проетки и позитивни ефекти во насока на намалување на невработеноста од 48 проценти на 24 проценти, над 160.000 вработувања во нашата држава како и огромниот дел на субвенции, реализација во делот на инфраструктурата, патиштата, образованието, културата се воочливи проекти и таа разлика може точно да се утврди и да се види. Ние како и досега продолжуваме со нашата нова програма која што ќе биде најобемна досега, со промовирање на сите проекти и барања кои што ги добивме токму од граѓаните, а главен фокус како и досега ќе ни бидат нашите граѓани, изјави Канческа-Милевска.
Таа посочи и дека на 11 декември ВМРО-ДПМНЕ ќе ја издејствуваат најголемата победа досега и ќе освојат 63 пратеници, за да добијат стабилно мнозинство со кое ќе работат за суверенитетот и интегритетот на нашата држава, но и за стабилноста на граѓаните на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)