Она што ни е важно е што во 2006 година од заводот за вработување наследивме бројка од 8.000 вработени лица, додека денеска во 2016 година имаме 9500 вработени граѓани на општина Кичево, што покажува една тенденција на зголемено вработување. Делумно за тоа заслужна е и странската инвестиција, американската инвестиција, која во моментов има 500 вработувања и очекуваме оваа бројка до следната година да достигне 1000 вработени, изјави Антонио Милошоски член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде и дека во градот 25 години наназад се збореше само за затворени фабрики, посебно во транзицијата во време на СДСМ, а денес за прв пат има странска инвестиција и додаде дека тој тренд ќе продолжи и во иднина.
-Исто така и 25 години се збореше автопатот Кичево-Охрид, а сега за прв пат ВМРО-ДПМНЕ како владеачка партија го работат овој важен инфраструктурен проект и сигурни сме дека во иднина и другите патни правци ќе дојдат на ред за нивно инфраструктурно подобрување, потенцираше Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)