| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионерите се сретнаа со Димитриев, благодарни за поддршката од Владата

%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b0

Сојузот на пензионери, предводен од претседателот Драги Аргировски, денеска оствари средба со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.

По повод 70-годишнината од организираното пензионерско здружување во Македонија, Сојузот на пензионерите на премиерот Димитриев му врачи плакета за благодарност за Владата на Република Македонија заради нејзиниот придонес и соработката која е од значење за интересите на пензионерите.

%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b02

Како што соопшти владината прес-служба, пензионерите изразиле благодарност до Владата за зголемувањето на пензиите и нивната навремена исплата, за проектите кои се однесуваат на задоволување на потребите на пензионерите, како и за отвореноста на Владата за средби и дијалог за сите прашања кои се од значење за пензионерите.

Премиерот Димитриев нагласил дека еден од врвните владини приорите е поддршката за пензионерите, истакнувајќи дека Владата и во иднина ќе спроведува мерки и активности чија цел е унапредување на позицијата на пензионерите.

На средбата било разговарано и за поголем број теми кои се од интерес за пензионерите, истакнуваат од владината прес-служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top