Домашната естрада веќе со недели дискутира за членките на музичкиот натпревар Ѕвездите на Пинк, Дара Бубамара и Александра Радовиќ.
Додека едни ја поддржуваат Александра истакнувајќи го нејзиното образование и компетенција за оценување на пеењето на натпреварувачите, некои, како фолкерката Маја Николиќ се на страната на фолкерката од Нови Сад.
Николиќ реши да проговори за деталите од минатото на Александра, за кое Александра не сака да зборува, само на јавноста да и покаже дека Александра се фолира и дека нема право да плука по народната музика.
-За мене таа е чисто промашување. Се што рече Дара Бубамара за Александра целосно е во право. Само ќе кажам дека таа мене ми беше пратечки вокал во бендот интензивно во тек на три години. Беше мажена за тапанар на мојот бенд, а за тоа не сака да зборува и крие, исто како што крие дека потекнува од село покрај Шабац.Глумеше ѕвезда, а три години пееше исклучиво народно. Јас во тој период пеев само поп песни, а на неа и плаќав по 50 евра за да пее народно. Работевеме секој викнед на еден познат белградски сплав – без криење објави Николиќ до сега непознати детали за својата колешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Александра Радовиќ ги напушти „Пинкови ѕвезди“, но не поради Дара
-
Повторно расправија на „Пинкови Ѕвезди“: Александра го напушти студиото со закани кон продукцијата
-
Дара не простува лесно: На Александра допрва ќе ѝ ја затнам устата
-
Александра Радовиќ ја покажа темната страна: направила скандал во полициска станица