Пејачката Александра Радовиќ одлучи да го напушти музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“, во чие жири беше постојан член од почетокот на оваа сезона, а продукцијата веќе и најде замена.
Иако од самиот старт доаѓаше до константен конфликт меѓу неа и нејзината колешка Дара Бубамара, која се опоравува од операција на слепо црево, Радовиќ сепак не си заминува од таа причина.
Имено, на местото на Дара, додека не се опорави, привремено стигнува Маја Николиќ, а Александра токму поради тоа одлучи да се повлече.
– Неколку часа се обидуваа да ја наговорат да остане во својата црвена столица и да ја надмине нетрпеливоста која ја гаела кој Маја. Но, Александра не сакала ни да слушне. Решила да го извести жирито во „Пинкови ѕвезди“ шоу програмата, а дали ќе се врати сеуште не е познато – вели извор за „Плус“.
Продукцијата веќе има замена за Александра, па на нејзино место ќе се најде стариот член на жирито Бора Ѓорѓевиќ. Не се знае дали ова е привремена или целосна замена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.