| четврток, 6 декември 2018 |

Александра Радовиќ ја покажа темната страна: направила скандал во полициска станица

Пејачката направила скандал во МВР на одделение за издавање пасоши поради тоа што  морала да чека како и  сите други луѓе, па им се заканувала на службениците и полицајците.

aleksandra-rafovic-foto-damir-dervisagic-1449668113-800673

Александра Радовиќ пред  неколку недели направила вистински скандал во полициска станица кога  врескала по вработените затоа што таа е ѕвезда и не требало да чека во ред со другите „обични“ луѓе.

Според  зборовите на изворот кој се нашол на лице место  пејачката во раните утрински часови дошла на закажаниот термин за да извади пасош за ќерката но кога се појавила со девојчето во полицијата и видела дека пред неа чекаат неколку луѓе почнала хистерично да вреска дека таа треба да биде пуштена преку ред.

Откако службеничка се обидела да и каже дека треба да си го почека редот и да ги почитува тие што дошле пред неа Александра  збеснала. Интервенирале и полицајците кои и кажале доколку не се смири ќе мора да ја замолат да ја напушти станицата по што Радовиќ ја смирила топката  и застанала во ред.

aleksandra-radovic-680x430

Сепак тука не било крај не нејзините барања. Откако дошле на ред Александра инсистирала да и обезбедат канцеларија каде ќе може да ја пресоблече ќерката за да изгледа убаво на фотографиите. Службениците и објасниле дека на фотографијата ќе се гледа само лицето но таа  почнала да им вика дека има право да го облече своето дете како што сака.

Aleksandra_Radovic_MR_04-16169064655-2_675x0

Пиар службата на пејачката испратила смс порака до медиумите негирајќи го целиот случај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top