| четврток, 6 декември 2018 |

Червар го скрати списокот на репрезентативци пред квалификациските натпревари

Makedonija ceska rakomet (26) (Large)

Селекторот на македонската репрезентација Лино Червар го направи првиот „рез“, па од 28-те ракометари на првиот список денеска ги објави имињата на 21 репрезентативец што ќе треба да бидат присутни на првиот собир, закажан за 30 октомври.

На списокот нема поголеми изненадувања, а најбројни се ракометарите од Металург, вкупно пет. Сепак, Червар реши меѓу овие 21 ракометар да не ги вклучи десното крило Костески и пивотот Пешевски, кои беа дел од последните собири на националниот тим.

За потсетување, Македонија првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2017 го игра на домашен терен со Украина на 2 ноември, по што три дена подоцна на програмата е дуелот со Чешка, што ќе се игра во Плзењ.

spisok-na-reprezentativci

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top