| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: На овој тим му требаат мажи, а не момчиња

zoze-murinjo

Манчестер јунајтед беше торпедиран на дербито против Челси, губејќи со 4-0 и тимот наиде на лавина критики поради катастрофалната игра. Менаџерот на „ѓаволите“, Жозе Мурињо е разочаран од пристапот на неговите фудбалери, додавајќи дека во наредните натпревари ќе мора да одиграат машки.

– Само тројца играчи беа добри на тој натпревар. Во наредните натпревари треба да пристапиме машки, затоа што на овој тим му требаат мажи, а не момчиња. Ни претстојат некои лесни дуели на хартија, но треба да ги добиеме – беше краток Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top