| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно: Генералниот секретар на ОН се фотографираше со вистинска ѕвезда

Претседателот на Генералното собрание на ОН конечно се сретна со вистинска ѕвезда. Вук Јеремиќ денеска имаше средба со американската актерка и амбасадорка на добра волја во ОН, Мира Сорвино, со која разговараше за проблемите околу трговијата со луѓе во Србија.

Претседателот на Србија не ја пропушти можноста да се фотографира со холивудската ѕвезда која потоа ја закачи на твитер со коментар „вистинска“. Коментарот е своевидна шега на своја сметка, затоа што неодамна беше изигран од двојник на фронтменот на групата Ју 2 за кого помисли дека е вистинскиот Боно Вокс. Јеремиќ толку беше возбуден од фотографијата со легендарниот пејач што веднаш ја стави на Твитер за да се пофали, но подоцна беше разочаран и исмејан поради неговиот гаф.

jeremic i lazniot bono

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top