Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и претседател на Народната партија, Вук Јеремиќ и неговата сопруга Наташа станаа родители, а среќниот татко на социјалните мрежи објави фотографија од ќерката.
-После 12 години борба и безброј болни неуспеси, на свет дојде Софија Јеремиќ. За роденден го избра датумот на нашата венчавка -напиша Јеремиќ крај фотографијата.
Медиумите објавија дека Наташа, едно од препознатливите лица на РТС, се породи во Њујорк, гаардот кај што се запознала со сопругот, на 29 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.