Актерката изјавила дека стратегијата за надворешната политика на Клинтон е таква што претставува огромен ризик по националната безбедност, многу повеќе отколку таа на Трамп.
Уште една позната личност е на страната на Трамп, а за тоа има добри аргументи. Станува збор за Сузан Сарандон, која изјавила дека стратегијата за надворешната политика на Хилари Клинтон е таква што претставува огромен ризик по националната безбедност.
-Верувам дека таа на некој начин е поопасна, рекла актерката минатиот четврток.
Сарандон која јавно го поддржала Берни Сандерс за претседател, детално образложила зошто гласањето за Хилари, иако е демократ, би било глупост.
-Според нејзините извештаи, ништо не научила од примерот со Ирак. Таа е за интервенција. Правела ужасни, ужасни работи, и тоа без многу срам, додала актерката.
-Не знам дали е таа оперирана од чувства. Мислам дека со неа ќе бидеме во Иран за две секунди. Тоа многу ме плаши и вознемирува, загрижено вели Сарандон.
Рекла дека идеите на Трамп се толку неверојатни, што одат и кон опасни.
-Со тоа се храниме. Тој е опасен, многу опасен. Не се грижам за ѕидот кој ќе се крене и за кој ќе плати Мексико. Тој сака да се ослободи од секој муслиман во оваа земја. Дали тој сака расизмот да биде вообичаена појава? Не сум сигурна каква е таа негова политика…
Од друга страна, како што вели Сарандон, надворешната политика на Клинтон е таква што ги имаме сите причини за паника.
-Знам каква е нејзината политика. Знам од каде ги добила парите и знам дека не работи транспарентно.
Сузан исто така предвидува дека Клинтон на крај ќе се соочи со обвинение поради користење на приватен мејл додека била државен секретар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)