| четврток, 6 декември 2018 |

Монтела: Сонот на Берлускони е Милан да игра со 11 италијански фудбалери

vincenco-montela

Винченцо Монтела е новиот херој на навивачите на Милан, откако младиот стратег го препороди заспаниот џин, па „росонерите“ заостануваат само два бода зад водечкиот Јувентус. По големата победа над „старата дама“, Монтела ја истакна гордоста што одличнит резултати ги прави со голем број на квалитетни италијански фудбалери.

– Немам обврска да го слушам Берлускони, но за една работа беше во право. Бевме на вечера во неговиот дом и тој ми го откри својот сон – во Милан да играат 11 италијански фудбалери, сите млади, поголемиот дел од нив од школата на клубот. Се наоѓаме на добар пат тој сон да стане јавност – изјави Монтела, кој не трошеше премногу пари во текот на летото, па речиси со истиот играчки состав како лани бележи одлични резултати.

Милан утре ќе го игра својот натпревар против Џенова, па со евентуална победа Монтела и неговите избраници најмалку 24 часа ќе минат на врвот на прволигашката табела.

– Во спортот секогаш постојат соништа, а секој сонува да биде прв. Знаеме дека е многу рано, дека е пред нас напорна работа во следните месеци, моја обврска како тренер и да не дозволам играчите да летнат во облаци – релаен е одличниот стратег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top