Британски банкар е обвинет дека во 2014 година мачел па убил две жени. Рурик Јатинг (31) признал дека во својот стан во Хонг Конг мачел и убил две проститутки од Индонезија, а гнасниот чин го снимал со мобилен телефон. Тој организирал две оргии кои на крајот завршиле со масакр.
Полицијата по неколку дена потрага во неговиот стан ги пронајде измачените и искасапени тела на Сумарти Нингсих (23) и Сененег Мујисах (26).
Завчера Јатинг се појави на судот во Хонг Конг и го призна убиството од прв степен, врз основа на намалена ментална способност. Меѓутоа, тој се изјасни дека не е виновен за убиство со предумисла. Целиот случај заврши на суд, а неговата тактика е да се спаси од тешката казна со одбрана дека страда од нарушување на личноста. Меѓутоа, обвинителството не ги прифаќа тие наводи зошто банкарот секојдневно работел во американската банка „Мерил Линч“.
Обвинителот рекол дека без проблеми ќе ја урне одбраната на Јатинг, бидејќи целата забава од кошмарот банкарот ја снимал со мобилен телефон. Едната девојка ја мачел три дена. Тој ја терал на садистички сексуални игри, ја мачел со клешти, па дури и ја терал да ја лиже шолјата на тоалетот.
– Снимките се вознемирувачки. Судењето ќе биде мачно, особено кога ќе видите што Јатинг снимил – рекол обвинителот.
Една од девојките е пронајдена во куфер. Банкарот ја измасакрирал со нож, речиси ѝ ја отсекол главата и ја скрил во куфер на балконот. По апсењето Јатинг веднаш е сместен во психијатриска установа каде што инаку се наоѓаат најтешките криминалци.
Јатинг, кој дипломирал на Кембриџ и се вработил во Хонг Конг во угледна американска банка „Мерил Линч“ во 2013 година, важел како човек секогаш опкружен со убави Азијатки. Постојат тврдења дека Јатинг бил опседнат со секс со повеќе жени одеднаш и дека во неговиот стан често се одржувале диви оргии под влијание на наркотици. Неговите познаници тврдат дека поради употребата на дрога се однесувал како зомби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка