| четврток, 6 декември 2018 |

Со распишувањето на изборите е вратена смислата на демократија во Македонија

Денеска, мислам дека оваа година беше трета или четврта средба на коалиционите партнери, дел од редовните координации и консултации што ги правиме. Главна забелешка или главна тема на состанокот беше закажувањето на парламентарните избори за 11 декември, истакна Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, по денешната средба со лидерите на коалициските партии од коалицијата „За подобра Македонија“.
-Она што генерален заклучок може да се наведе од средбата, тоа е дека со распишувањето на изборите, во суштина е вратена смислата на демократија во Република Македонија и јасно е прифатен сигналот од граѓаните од Република Македонија, дека кризата во Македонија, може да се реши на мирен и демократски начин, а тоа единствено може да се случи само преку избори. Во таа смисла коалицијата „За подобра Македонија“ влегува во сериозни предизборни активности со цел спремно да го дочека почетокот на предизборната кампања и во текот на предизборната кампања да ја претстави својата програма и да побара поддршка од граѓаните на Република Македонија за уште една победа на парламентарните избори и формирање на Влада на Република Македонија согласно изборната волја на граѓаните на Република Македонија, додаде Стоилковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top