Во малиот авион што се урна утрово на Малта, неколку секунди по полетувањето, по што и се запалил, загинаа петмина Французи, јави дописникот на МИА од Париз.
Според француските медиуми, наводно, авионот бил користен од страна на воената разузнавачка служба.
Владата на Малта наведе дека петте француски царински службеници одговорни за вршење на трговија со мигранти и дрога трабало да извршат надзорен лет. Досега нема официјална реакција од француските власти.
Според новинарот на „Уест-Франс“, специјализиран за одбранбени прашања, Филип Шапло, авионот е на компанијата CAE Авијација Луксембург, компанија која редовно работи за ДРМ (Управата за воено разузнавање) и ДГСЕ (Дирекцијата за општа знадворешна безбедност). Воздухопловот, Мерлин IV, очигледно се движи кон Мисрата во Либија, и бил најмен од Франција.
Локалните медиуми првично објавија дека во авионот се наоѓале членови на агенцијата за следење на границите на Европската унија, ФРОНТЕКС. Агенцијата ги негираше информациите преку социјалната мрежа Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.