Ефтино и за сечиј вкус и џеб, со билети од 100 и 150 денари ќе може да се проследи фудбалскиот спектакл меѓу Вардар и Шалке 04, на 24. мај во Скопје. Управата на актуелниот македонски шампион се одлучи за цени на билетите што се сосема прифатливи, за гостувањето на Бундеслигашот. Натпреварот е пријателски, а ќе се игра од 20 часот на националната арена „Филип Втори“.
Двата клуба имаат одлични односи, најмногу благодарение на навивачките групи, а пријателството датира од 2004 година. Тогаш во рамките на сега непостоечкиот Интертото куп, Шалке 04 го елиминира Вардар со две победи. Во Гелзенкирхен беше 5-0, а во реваншот во Скопје, Германците повторно славеа со 2-1.
Билетите за третата средба на двата клуба ќе се продаваат од четврток, од 12 часот, во салоните на ONE, Југотон и Office Plus и секако преку овластениот дитрибутер „МКТикетс“ на нивната официјална интернет страница, www.mktickets.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“