| четврток, 6 декември 2018 |

„Среќен роденден душо”, Ким никако не очекуваше ваков подарок од Канје (Видео)

Ким Кардашијан во петокот наполни 36 години, но немаше голема раскошна забава, а сево ова поради грабежот во Париз кој потполно ја извади од колосек.
ggrgseesff
Сепак, нејзиниот сопруг Канје Вест реши да ја расположи и да го одбележи нејзиниот роденден на свој начин. Иако во јавноста за Канје има перцепција како самобендисан и себичен, раперот јавно ја покажа и својата нежна страна кога на Твитер објави видео во кое направил компилација од досега необјавените семејни моменти од детството на старлетата.

Под видеото само кратко пишува “Среќен роденден душо”, а самото видео трае нешто повеќе од пет минути, и во него ги гледаме симпатичните семејни моменти на слатката мала и тогаш непозната Ким.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top