| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиевски: Излезот не е во тоа да се дојде на власт без избори и со „револуции“

ljubisa-1

Излезот е во ставањето на државата на чело на сите приоритети, смета поранешниот претседател на Собранието Љубиша Георгиевски.

Тој додаде дека ако бараме излез како да се дерогира државата и да се остане жив на политичката сцена, таков излез не постои.

– Ако бараме излез за тоа како да се дојде на власт без избори и со т.н. револуции, нема излез. Јас сум загрижен за моите внуци. Не сакам некој да им ја земе татковината заради партиски интерес, не сакам да бидат бегалци како Сиријците, затоа што некој ја ставил татковината на трето или петто место, истакна Георгиевски во ТВ НОВА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top