| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Имаше обид за напад на полицискиот конвој кој ги пренесуваше терористите од Диво Насеље

132931601

СЈО бара снимки од следење терористички акции, особено на кумановската група, и криминалите на Заев и неговите соработници. Некој, преку СЈО и Катица, сака да дознае како тоа македонската полиција успеала да ги лоцира, и да се справи со терористите од Диво насеље во Куманово, да ги поапси и стави во затвор. Тоа некој мора да го знае, за следната таква акција да биде успешна, пишува  Драган Павловиќ Латас во својата последна колумна Ноќ.

– Кумановската група има јатаци, оние што се сликаа со Заев, кои се се уште активни. Неодамна, по завршување на судењето на кумановската група, полицијата фатила еден соработник на судените кој на разминување им дал локатор, за да ги лоцираат додека полицијата ги спроведува од суд кон затворот бидејќи планирале напад на полицискиот конвој и ослободување на дел од судените терористи. Обидот е виден и спречен. СДСМ проектира тензии пред изборите, и инциденти после изборите кои, нормално, нема да ги признае и ќе бара свои министри во идната влада за тензиите да се смират. Такво нешто веќе е забележано, и се следи. Сигурен спас од такви немири и тензии се 63 пратеници на листата на ВМРО. Прв тест обид за инциденти беше ноќниот театар на СЈО во МВР, односно во УБК. Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ на времена функција министер во МВР ангажира поранешни алфи избркани заради криминал, ги врати на работа, и им нареди да се постројат пред УБК и дејствуваат за потреби на Катица Јанева. Тие барале, и ветено им било, дека ќе добијат и автоматски пушки, пишува Латас.

– Врз кого тие избркани алфи ќе пукаа со тие пушки, во дворот на МВР? Секако, врз своите колеги полицајци кои не се под контрола на СДСМ и Катица Јанева. Прилично голема група полицајци се осетила испровоцирана и најавила дејствување согласно закон во вакви ситуации, кое би значело кошмар за Спасовски и неговите. Оливер Спасовски и неговите ментори се повлекле. До подобри времиња. Веднаш потоа, Оливер Спасовки излегува и изјавува дека СЈО може да биде спокојно, тој гарантира за безбедноста на снимките во УБК. И, Катица се враќа дома. Таа опасна ријалити ноќ помина. А ноќта е најцрна пред разденување, стои во неговата колумна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top