Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави денеска, на семинар на НАТО во Приштина, изјави дека „безбедносните сили на Косово ќе станат војска на Косово, бидејќи е потребно Косово да има сопствени одбранбени капацитети“. Делави истакна дека НАТО силите ќе останат во Косово, бидејќи земјата се уште ги нема потребните одбранбени механизми, јави РТК2.
– НАТО нема да се повлече се додека Косово нема способност да се брани. Нема да има вакуум, туку ќе дојде до трансформација на Безбедносните сили на Косово во Војска на Косово, истакна Делави, додавајќи дека оваа трансформација треба да се случи согласно Уставот и да се изведе многу внимателно.
Тој изрази надеж дека ќе дојде денот кога КФОР веќе нема да биде потребен, пренесува Танјуг.
Во Приштина вчера почна 93. семинар РоузРот во организација на Парламентарното собрание на НАТО, на кој учествуваат пратеници од 21 земјачленка на НАТО и земји партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации