Португалскиот стучњак на чело на Манчестер Јунајтед денес доживеа и тоа како непријатно враќање на Станфорд Бриџ, каде неговата екипа беше демолирана од тимот на Челзи со 4-0. Сините доминираа во текот на целиот меч и успеаја да постигнат гол уште во 30 та секунда од натпреварот преку Педро. Во првото полувреме и дефанзивецот Кејхил се запиша во листатана стралците, а во вториот дел головите за тимот на Конте ги постигнаа Азар и Канте.
По овој пораз, Јунајтед остана без победа во дерби дуелите оваа сезона (ако не се смета мечот со Лестер). Порази од Сити и Челси и реми со Ливерпул не се ефект кој се очекуваше од некогаш “специјалниот” со најскапиот фудбалрер во историјата и ред други ѕвезди. За среќа на Мурињо, Јунајтед заостанува само шест бода од врвот, но една победа во последните шест кола не даваат многу оптимизам за навивачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)