Денешната посета на Фалиш, на Саракино, на Здуње на гостиварскиот и тетовскиот регион е во функција на што е можно повеќе контакти со граѓаните, да зборуваме со нив, да ги чуеме нивните проблеми, а исто така и да се порача дека Република Македонија треба да излезе од оваа криза и дека Република Македонија на 11 декември ќе порача дека ќе гласа и за државноста на Македонија и независноста и слободата на одлучување, но исто така големо „не“ за она што СДСМ, Зоран Заев и другите го ветуваат, истакна Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
– Тие ветуваат работи кои што фундаментално ќе ги променат состојбите и односите во Македонија, а тие нивни ветувања во делот на уставниот поредок, во делот на унитарност ана Македонија ќе се почувствуваат во цела Македонија особено во региони и градови и села како што е овој, потенцираше тој по посетата.
Нашите позиции, додаде, се јасни, а тоа е одбрана на уставниот поредок, одбрана на унитарниот карактер и одбрана на она што се нарекува самостојност, самобитност и народот како врховен арбитар, значи народот ја составува Владата и тие се тие кои даваат или одземаат легитимитет.
– Исто така пораката е дека треба да се вратиме на економските теми на отворање на фабрики и нови работни места, рече Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)