| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер Сити повторно „се лизна“, овој пат против Саутемптон

4413

Манчестер Сити повторно не успеа да слави победа на денешниот дуел кој заврши со резултат 1-1 против екипата на Саутемптон. Сити во последно време не игра баш најдобро, а во првенството веќе три натпревари не знае за победа, додека во меѓувреме тешко беа поразени од Барселона во Лигата на шампионите.

Во 27. минута Саутемптон дојде до водство, кога Нејтан Редмонд ја испрати топката во домашната мрежа. Брзо Џон Стонс погоди за 1-1, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.

Гвардиола на полувреме го внесе младиот Ихеаначо, кој во 10 минута од продолжението на уфрлување на Лерој Сане заби за 1-1 и така ги спаси „Граѓаните“ од пораз.

Тимот на Сити и со овој бод е прв, а има 20 бодови, колку што имаат Арсенал и Ливерпул. Саутемптон е осми со 13 бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top