
Братот и менаџер на Ана Николиќ, Марко, ги откажал сите нејзини настапи затоа што енормно се здебелила. Кога бесен и ја соопштил таа одлука, Ана смртно се навредила и се скарала со него на крв и нож.
Меѓутоа Марко несакал да попушти бидејќи е свесен дека изгледот на Ана, меѓу другото му носи заработка, па пејачката морала да го слуша.
-Ана е склона на дебеење, а во последно време не водеше сметка за исхраната и не вежбаше. Кога со Раста се врати од Мескико од меден месец и кога Марко виде колку се здебелила, потполно полуде. Тој смета дека сестра му освен за пеењето, добива добар хонорар и поради изгледот.Кога неколку сопственици на локали му го свртеле вниманието на изгледот на пејачката, тој се исплашил дека веќе нема да биде толку барана – вели извор близок на Николиќ.
Марко и рекол на сестра му да започне ригорозна диета и да вежба, а кога таа не сакала да го послуша тој ги откажал сите нејзини настапи.
Ана станала хистерична, се заканувала, плачела.
-На Марко му кажа се. Бидејќи не знаеше што да им каже на фановите, соопшти дека настапите ги откажува поради здравствени проблеми, кои наводно ги имала. Гледајќи дека нема каде, почна диета и вежба. Ана и Марко се смирија откако пејачката ја спушти топката- вели изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


