| четврток, 6 декември 2018 |

Турист во Дубровник се потпре и оштети непроценлив споменик (видео)

Малата Онофриева фонтана која е дел од ѕид на Главната Стража, ја поставил Онофрио дела Кава во 1446 година, откако е проектиран главниот водовод во 1438 година.

Парче од овој споменик на културата од непроцелива вредност во Дубровник се скрши откако на неа се потпре еден турист за да наполни вода. Првиот човек на дубровничката организација за заштита на старината, Нико Капетаниќ го потврдил случувањето и навел дека реставрацијата ќе почне веднаш.

-Работниците веднаш излегоа на терен за да го зачуваат скршениот дел. Веднаш ќе почне конзервацијата, а денешните лепила држат подобро од камен- вели Капетаниќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top