| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Никој во Крива Паланка не одобрува редефинирање на државата и двојазичност

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денес оствари посета на Крива Паланка каде оствари средба со голем број на граѓани. Тој ги слушна барањата и потребите на граѓаните бидејќи, како што истакна, нивното решавање е секогаш дел од партиската програма.

-Никогаш сами не пишуваме програма за избори, секогаш тие програми ги пишуваме врз база на потребите на граѓаните. Најголем интерес на граѓаните е брзо завршување на кризата бидејќи 2 години живееме во време кога одредени политички структури сакаат да внесат хаос во Република Македонија, да внесат хистерија и немир меѓу граѓаните, па дури се обидоа да внесат и меѓумакедонски судир. Тука во Крива Паланка, никој тоа не го одобрува и не одобруваат некакви идеи за редефинирање на државата, промена на Уставот и двојазичност, рече Димовски.

ilija-sabota-640x480ВМРО-ДПМНЕ е концентриран на проекти и мерки кои ќе им помогнат на македонските граѓани.

-Луѓето сакаат да заврши кризата и сакаат државата да се занимава со нивните потреби и со нивните барања, заклучи Димовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top