Поголем дел од бандата српски тинејџери кои се осудени на суловна казна во Германија силувале 14-годишно девојче, после што полуголо го осфрлиле на улица и го оставиле речиси да умре од студ, дознава „Ало.рс“.
На тројца малолетници и една нивна врсничка им се изречени условни казни во траење од три години, а едно момче ќе одлежи казна затвор, зашто во моментот на злосторството веќе било полнолетно.
Денс М. (14), Живорад С. (17), Александар Н.К. (16) и Бошко П. (21) се осудени за групно силување на девојче во Хамбург. Како овадач на групата е означен Бошко, кој е осуден на 4 години казна затвор. Во Германија престојуваат со семејствата како мигранти од Србија.
Девојчето го нападнале на 11 февруари годинава, по прослава на роденден. Го силувале во еден стан, па полуголо го исфрлиле во двор, каде што за малку ќе умрело од студ. Несреќнатадевојка ја спасил случаен минувач кој повикал брза помош.
Судијата кој им ја изрекол казната изјавил дека девојката ја третирале како предмет, „ја искористиле и ја фрлиле како ѓубре“, навел и образложил дека иако јавноста ќе мисли дека нивната казна е преблага, тие се малолетници и општеството треба да се фокусира на нивно образование, а не на казнување. Момчињата го признале злосторството во целост и изразиле каење.
Она што е поужасно од самото силување е пто девојата била намамена во куќата од нејзина другарка, Лиса Х. (15), која го симала силувањето. Лиса ја повикала да им се придружат на момчињата, а жртвата раскажува дека иако била малку нервоза, се чувствувала сигурно поради присуството на Лиса. Но, се тргнало наопаку кога се поднапиле, па еден по еден почнале да ја силуваат. Девојчето не се сеќавало што се случило вечерта, но во мобилниот телефон на Лиса се било забележано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.