Сопствениците на сите куќи се Арапи, а влезот е забранет за Босанците. На Балканот никна првиот арапски град. Се работи за Сараево Ресорт Осеник, првото населено место од затворен тип во Босна и Херцеговина, оградено со висока ограда и под силно приватно обезбедување. Моментално има 160 кучи со голем број на пропратни содржини.
Туристичката–резиденцијална населба во општината Хаџичи е отворена минатата година, но тогаш немало збор за тоа дали за време на летната сезона ќе им биде забранет влезот на граѓаните на БиХ.
Медиумите од Босна тогаш пишуваа дека станува збор за наменски проектирана населба која ќе може да овозможи сместување за 1.125 туристи. Вкупната површина на населбата изнесува 160.000 квадратни метри со вештачко езеро со површина од 12.000 квадратни метри околу кое се распоредени 160 објекти.
Изградени се два покриени базени, хотел, ресторани, спортски терени, супермаркет, како и многу други придружни објекти. „Сараево Ресорт“ е оаза за гостите од Блискиот исток кои во близина на олимписките планини Бјелашница и Игман, како и главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, ќе пронајдат мир и уживање во летните месеци.
U subotu svečano otvaranje turističkog kompleksa Sarajevo Resort Osenik http://t.co/CmcgR85F6e pic.twitter.com/SCVI5RgPKh
— Oslobođenje (@Oslobodjenjeba) October 14, 2015
Порталот “Biznisinfo.ba” пишува дека ова е првиот „арапски град“ во БиХ, а чии сопственици на сите куќи се Арапи и дека за време на летните туристички сезони во него им е забранет влезот на Босанците и другите туристи. Според овој портал, ова е првата населба од затворен тип оградена со висока ограда, посебен влез и приватно обезбедување. Повеќето куќи се веќе продадени, а купците се исклучиво Арапи.
За време на летото градот е полн со Арапи и само оние кои работат таму, а кои се граѓани на БиХ, можат да влезат внатре. Така ќе биде и следното лето.
„Сопственици на куќите се Арапи и тие не сакаат да се мешаат со локалното население. Имаат свои обичаи и навики кога станува збор за облекувањето, однесувањето, за молитвите… И сакаат никој да не им се меша во тоа и чудно да ги гледа“, вели анонимен соговорник за “Biznisinfo.ba”.
Изворот на порталот вели дека поради тоа оваа населба е идеална за нив, бидејќи таму можат да се чувствуваат како дома, а во исто време да бидат опкружени со вода и зеленило. Тука ќе ги поминуваат летните месеци во пријатна клима, а потоа ќе се вратат во своите домови.
Анонимниот соговорник истакнал дека куќите се продавани по 150 до 160 илјади евра, а не ни биле нудени на продажба и рекламирани на пазарот на БиХ, но дека биле нудени во Кувајт, од каде што е сопственикот. Изградбата на оваа населба започнала во 2013 година и цената на трошоците изнесувала 25 милиони евра. Отворена е минатата година, но неговата експанзија продолжува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)