| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделското производство ќе се качи на повисоко ниво, бидејќи оваа влада важи за земјоделска влада

Земјоделското производство во иднина ќе се качи на едно повисоко ниво, бидејќи оваа влада важи за земјоделска влада – порача денеска од Младо Нагоричане Зоран Ѓоргиевски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Од урбан карактер најголем проблем е невработеноста, бидејќи Куманово е град кој најмногу има претспрено од невработенсота и во 2005 година бројката достигнуваше и до 28.000 невработени лица, додека во 2016 година таа бројка беше  сведена на 18.000 невработени лица. Главната работа со која може да се пофали ВМРО-ДПМНЕ во изминативе десет години каде што наследи огромна стапка на невработеност и каде што бројката на вработени лица во Република Македонија беше 560.000 луѓе, ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја подигне на 720.000 ново вработени лица, преку најразличните владини мерки – додаде тој.

staronagoricani

Континуитетот на посети на населени места од страна на функционерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ во овој период е поинтензивен, бидејќи проблемите со кои се соочуваат граѓаните, нивните сугестии и решавањето на проблемите некои мора да ги чуе и тие мора да бидат решени.

-ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е партија која континуирано е со народот, во овој период  додека се уште не е излезена програмата со која ќе се настапи на претстојниот референдум на Македонија на 11 декември, ќе ги слушне сите желби на граѓаните и решенијата кои ги нудат самите граѓани, за да на крајот партијата излезе со програма  која меѓу народот ќе покаже дека е единствената македонска партија која се грижи за граѓаните на Република Македонија – изјави Ѓоргиевски.

Тој посочи и дека еден од најголемите проблеми кое ги има ова населено место на само десет километри од градот Куманово се од рурален и од урбан карактер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top