| четврток, 6 декември 2018 |

Момчето кое може да влече два автомобили со своите плешки (Видео)

Момчето тврди дека е единствената личност во светот која може да го направи ова, па поради тоа се надева на влез во Гинисовата книга на рекорди.

01-maliot-herkul-vlece-avtomobili

Индиското момче Абишек Чуби (18) има неверојатна супермоќ да влече автомобили со силата на своите плешки. Иако изгледа како да нема доволно сила да понесе една торба со брашно, овој Индиец го нарекуваат Херкул, и тоа со причина! Специфичниот тинејџер нашол уникатен начин за да ја покаже својата натчовечка сила: тој може да ги влече двата автомобили, така што ги врзува со јаже, а јажето за дрвена тула, која потоа ја сместува помеѓу плешките.
03-maliot-herkul-vlece-avtomobili

Абшек, кој е со потекло од градот Сагар, во државата Мадја Прадеш, тврди дека е единствената личност во светот која може да го направи ова, па поради тоа се надева на влез во Гинисовата книга на рекорди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top