| четврток, 6 декември 2018 |

Премногу штета се нанесе на Македонија во изминатиот период

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски денеска беше во Велково и оттаму беше порачано дека ВМРО-ДПМНЕ тргнува најсилно досега на терен.

Очекуваме избори на 11 декември, тие се многу значајни во овој момент од најмалку две причини. Првата е завршување на кризата и враќање на основните, најважни работи за граѓаните. Премногу штета се нанесе на Република Македонија во изминатиов период од правење на вештачка криза и овој момент изборите се можност да го затвориме ова поглавје. Втората најважна работа е повторно посветување на она што е најзначајно за граѓаните тоа се инвестициите, работните места, нови можности – посочи Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top