Аеродромот Лондон Сити беше евакуиран денеска, каде полицијата истражува „инцидент со хемикалија”, соопшти ТВ Скај њуз, цитирана од ДПА и ТАСС.
Околу 500 патници и членови на персоналот се евакуирани. Неколку луѓе се пожалиле дека не се чувствуваат добро. Засега не е позната причината за инцидентот .
Лондонската служба за итна помош соопшти дека испратила тим за реакција при ризични ситуации.
Аеродромската управа соопшти дека на патниците им било наредено да го напуштат терминалот денеска попладне, откако се вклучил алармот за пожар. Појдовните летови се привремено запрени, а неколку летови се пренасочени кон други аеродроми.
Лондонската служба за брза помош соопшти дека прегледала 26 лица со респираторни тешкотии. Двајца од нив се однесени во болница.
Лондон Сити е најмалиот меѓународен аеродром во британската престолнина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)