– Целата оваа политичка криза и секојдневни шокови на граѓаните кои што ги приредува Социјалдемократскиот сојуз преку своето деструктивно однесување на штета на националните интереси, како и плановите за редифинирање на државната унитарност ќе завршат со одржувањето на парламентарните избори на 11-ти декември со тежок, јубилеен десетти дебакл на опозицијата – изјави Спиро Ристовски, член на ВМРО ДПМНЕ кој денеска имаше средби со жителите на Македонски Брод.
Тој додаде дека наспроти декларативното нудење на нереално остварливи проекти од страна на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ пристапува кон граѓаните преку континуирани дирекни средби со отчет во кој што се наведени сите ветени, но и неветени, а реализирани проекти.
– Наспроти опозицијата која нема програма и нуди исклучиво деструкција, ВМРО-ДПМНЕ преку комуникација со граѓаните изготви сеопфатна програма во која се вклучени барањата на сите категории на граѓани, со јасно поставени рокови за реализација – истакна Ристовски.
Членот на ИК, Ристовски нагласи дека работниот принцип ветено-остварено е единствено прифатлив за граѓаните и ќе добие огромна поддршка освојувајќи 63 пратеници, со што би се задржал контиуитетот во реализирање на проекти од интерес на граѓаните и државата, меѓу кои се зголемувањето на платите, пензиите, стипендиите , субвенциите, изградбата на образовната, спортската, здравствената и патната инфраструктура.
Инаку најголемото барање на граѓаните од Македонски брод за реконструкција на патот кон Скопје, е прифатено и согласно законските прописи во тек е постапката за избор на најповолен понудувач за градежните работи на делницата Мост Близанско – Калуѓерец во должина од 14.5 километри. Во моментов се врши евалуација на понидите од 8 компании и по завршувањето на законската постапка и по потпишувањето на договорот, предвидено е да се започне со работа и во рок од 12 месеци градежните активности да бидат комплетирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)