| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на мојот живот ќе живеам во Македонија

Дој­де во Ма­ке­до­ни­ја за да го ис­пол­ни ама­не­тот од ба­ба му, ко­ја пред да по­чи­не го за­мо­ли­ла ба­рем ед­наш да ја ви­ди зем­ја­та од ко­ја по­тек­ну­ва не­го­ва­та мај­ка, но пла­но­ви­те се про­ме­ни­ле. Марк де Јонг ве­ќе тре­та го­ди­на жи­вее во Ма­ке­до­ни­ја. Ов­де гра­ди нов жи­вот, од по­че­ток. Ко­га ќе го за­поз­на­е­те, тој оста­ва впе­ча­ток де­ка е, на­ви­сти­на, горд што има ма­ке­дон­ско по­тек­ло. Тој и по­крај бел­ги­ско­то др­жав­јанс­тво па­ту­ва со ма­ке­дон­ски па­сош и ја прет­ста­ву­ва Ма­ке­до­ни­ја на нај­ви­со­ко ни­во. Де Јонг за „Ре­пуб­ли­ка“ откри­ва де­ка во Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но поч­нал да ве­ру­ва во љу­бо­вта

Ко­га првпат стап­на­вте на ма­ке­дон­ска те­ри­то­ри­ја?

Марк: Де­до ми во 1958 го­ди­на до­а­ѓа во Бри­сел, а по зем­јо­тре­сот во Скоп­је, во 1963 го­ди­на, до­а­ѓа и дру­ги­от дел од се­мејс­тво­то, ба­ба ми, мај­ка ми, те­тка ми и вуј­ко ми. Тие веќе ни­ко­гаш не се вра­ти­ле на­зад, но пред три го­ди­ни, за­ед­но со вуј­ко ми, кој дој­де во Скоп­је прв­пат по 50 го­ди­ни, јас прв­пат стап­нав на ма­ке­дон­ска те­ри­то­ри­ја. Пр­во дој­дов на не­кол­ку де­на да ги за­поз­на­ам род­ни­ни­те ов­де и зем­ја­та. И, на­ви­сти­на, ми се до­па­ѓа­ше. Се вра­тив по­втор­но во Бел­ги­ја и по из­ве­сен пер­и­од ре­шив пак да ја по­се­там Ма­ке­до­ни­ја и оста­нав ту­ка. Имав ама­нет од ба­ба ми еден ден да се вра­там во оваа зем­ја. Ро­ден сум во Бел­ги­ја, по­рас­нав со ба­ба ми, де­до ми и со вуј­ко ми. Тие ме на­у­чи­ја да збо­ру­вам ма­ке­дон­ски, да ја­дам ма­ке­дон­ска хра­на, пре­ку нив ја за­поз­на­вав зем­ја­та. Ба­ба ми ми го­тве­ше пол­не­ти пи­пер­ки, ко­ко­шка со ориз и свин­ски опа­шки со зел­ка, нај­че­сто при­леп­ски спе­ци­ја­ли­те­ти би­деј­ќи неј­зи­но­то по­тек­ло е од При­леп. Таа ја вса­ди во ме­не љу­бо­вта кон го­тве­ње­то.

mark3

Ка­ко бе­вте при­фа­те­ни на по­че­то­кот од лу­ѓе­то ов­де?

Марк: Ов­де лу­ѓе­то се мно­гу отво­ре­ни, са­ка­ат да ве за­поз­на­ат. Но, ка­ко и се­ка­де во све­тот, и ов­де има лу­ѓе за кои ва­жи пра­ви­ло­то за при­род­на се­лек­ци­ја. И по­ле­ка, ка­ко што по­ми­ну­ва вре­ме­то, до­бри­те оста­ну­ва­ат, ло­ши­те се ста­ва­ат на­стра­на. Иа­ко, за раз­ли­ка од бел­ги­ски­от на­род, ту­ка има по­ве­ќе топ­ли­на, ов­де на чи­ја вра­та и да троп­неш, со нас­ме­вка ќе те при­ма­ат. Во Бел­ги­ја тре­ба не­кол­ку де­но­ви од­на­пред да се нај­а­виш за не­ко­му да му оти­деш на го­сти. Ов­де и ко­га без нај­а­ва ќе оти­деш во не­чиј дом, ма­са­та е се­ко­гаш пол­на, лу­ѓе­то се нас­ме­а­ни, ту­ка има ср­деч­ност ка­ква што ја не­ма ни­ка­де на све­тот.

За бел­ги­ски­от на­род ве­лат де­ка ужи­ва во мно­гу хра­на, има ли го­ле­ми раз­ли­ки во бел­ги­ска­та и во ма­ке­дон­ска­та куј­на?

Марк: Ко­га збо­ру­ва­ме за хра­на­та, мо­рам да истак­нам де­ка и за две­те зем­ји е мно­гу ва­жен кван­ти­те­тот на хра­на­та. И во Бел­ги­ја, ка­ко и ов­де, лу­ѓе­то са­ка­ат на ма­са­та да има мно­гу ја­де­ње. До­де­ка вку­со­ви­те се со­се­ма раз­лич­ни. Не се упо­тре­бу­ва­ат исти за­чи­ни. Тра­ди­ци­о­нал­на­та бел­ги­ска куј­на се го­тви на ист на­чин ка­ко ма­ке­дон­ска­та, тре­ба да се ва­ри дол­го вре­ме, се упо­тре­бу­ва мно­гу зе­лен­чук. Но Бел­гиј­ци­те има­ат дру­ги на­ви­ки, по­ве­ќе се го­тви со ви­но, со пи­во, та­му има и спе­ци­фич­ни на­мир­ни­ци што ги не­ма ов­де.

12923223_1049664448433438_4157354950878991938_n

Ви не­до­сти­га­ат ли на­мир­ни­ци­те од Бел­ги­ја за да мо­же­те еден спе­ци­ја­ли­тет да го на­пра­ви­те да би­де ток­му ка­ко што сте го за­мис­ли­ле?

Марк: Искре­но да ви ка­жам, не. Јас со те­кот на вре­ме­то се на­у­чив да го­твам ток­му со на­мир­ни­ци­те што ги има во Ма­ке­до­ни­ја би­деј­ќи од се­дум­де­сет до де­ве­де­сет про­цен­ти од тоа што ми е по­треб­но го има ов­де. Ту­ка, за раз­ли­ка од дру­ги зем­ји, сѐ уште има мно­гу здра­во овош­је и зе­лен­чук, кои не се пр­ска­ни. Јас се тру­дам да ги на­у­чам лу­ѓе­то да го­тват на мо­јот на­чин.

Гур­ма­ни ли се Ма­ке­дон­ци­те?

Марк: Ма­ке­дон­ци­те се го­ле­ми гур­ма­ни, иа­ко те­шко се ре­ша­ва­ат да про­ба­ат хра­на зго­тве­на на по­и­на­ков на­чин, но отка­ко ќе вку­сат, нај­че­сто ве­лат: „ Зо­што јас не го го­твам та­ка“? Ми ба­ра­ат ре­цеп­ти, за под­го­то­вка на хра­на се со­ве­ту­ва­ат со ме­не ду­ри и пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи. Јас мно­гу са­кам да ги спо­де­лу­вам мо­е­то зна­е­ње и искус­тво со лу­ѓе­то. Со за­до­волс­тво им по­ма­гам.

Со Ва­ши­те ве­шти­ни во го­тве­ње­то Ве гле­да­ме и на мно­гу ме­ѓу­на­род­ни нат­пре­ва­ри, прв во Евро­па, ше­сти во све­тот, при­ме­ну­ва­те ли ве­ќе не­кои од ма­ке­дон­ски­те на­мир­ни­ци та­му?

Марк: Да, нај­че­сто за­чи­ни­те. А се­га, ко­га бев­ме во Тур­ци­ја, го­твев па­тка со вино од Македонија. Мо­ја­та куј­на се сме­ни отка­ко дој­дов во оваа зем­ја. По­ра­но бев по­ве­ќе ме­сар, се­га го­твам хра­на со мно­гу зе­лен­чук.

12715331_10153878864763798_2170575697634084791_n

Сме­та­те ли де­ка ма­ке­дон­ска­та куј­на е до­вол­но про­мо­ви­ра­на над­вор?

Марк: Ма­ке­дон­ци­те од­лич­но ја поз­на­ва­ат ма­ке­дон­ска­та куј­на, спе­ци­ја­ли­те­ти­те се уни­кат­ни. Но сме­там де­ка тре­ба по­ве­ќе да би­де пла­си­ра­на и над­вор од др­жа­ва­та, да ја за­поз­нае све­тот, но да би­де при­го­тве­на на со­вре­мен на­чин.

Ко­га са­ка­те да по­ми­не­те вре­ме над­вор од ра­бот­ни­те об­вр­ски, ка­де са­ка­те да се ре­ла­кси­ра­те?

Марк: Имам две ме­ста ов­де во Ма­ке­до­ни­ја што мно­гу са­кам да ги по­се­ту­вам. Го са­кам Га­лич­ник. Оду­ше­вен сум од тоа ме­сто, при­ро­да­та, хра­на­та, мно­гу ми се до­па­ѓа­ат. Вто­ро­то ме­сто е Охрид. Овој град го са­кам ток­му во ова вре­ме од го­ди­на­та и пре­ку ле­то, би­деј­ќи е мал­ку по­све­жо. Мно­гу го са­кам езе­ро­то, ми изг­ле­да ка­ко мо­ре, не мо­жам да ка­жам де­ка тоа е езе­ро. Ко­га оди­те во Бел­ги­ја на мо­ре има­те мал дел пред се­бе, до­де­ка ко­га сте во Охрид има­те си­ни­ло пред се­бе. Мно­гу е уба­во , лу­ѓе­то се го­сто­прим­ли­ви, ми се до­па­ѓа хра­на­та и на­чи­нот ка­ко се при­го­тву­ва па­стрм­ка­та.

mark-2

Ја чув­ству­ва­те ли ве­ќе Ма­ке­до­ни­ја ка­ко свој дом?

Марк: Да. Ов­де сум свој на сво­е­то. До­ма сум. Јас ре­шив да оста­нам да жи­ве­ам ту­ка. Се­га мо­жам да ка­жам де­ка до кра­јот на мо­јот жи­вот ќе жи­ве­ам ов­де. Пла­ни­рам да из­гра­дам и свое жи­ве­а­ли­ште во оваа зем­ја. Имам ма­ке­дон­ски до­ку­мен­ти, лич­на кар­та, па­сош. Ра­бо­там ту­ка ка­ко про­фе­си­о­на­лен го­твач, сни­мам еми­си­ја. Во гра­дин­ки­те, пре­ку мо­и­те ре­цеп­ти, по­ма­гам де­ца­та да здо­би­јат здра­ви на­ви­ки во ис­хра­на­та. Ов­де сум сре­ќен и ис­пол­нет. Во Ма­ке­до­ни­ја го про­нај­дов сво­јот мир, ов­де имам вре­ме и за ра­бо­та, но и за со­ци­ја­лен жи­вот. Лу­ѓе­то, осо­бе­но де­ца­та, на­ви­сти­на ре­а­ги­ра­ат при­јат­но ко­га ќе се срет­не­ме на ули­ца, ту­ка поч­нав по­втор­но да ве­ру­вам во љу­бо­вта.

12592775_10208858691967588_4807619010945505989_n

Вие сте та­тко на ве­ќе во­зрас­ни ќер­ка и син, кои сѐ уште жи­ве­ат во Бел­ги­ја. Што мис­лат тие за ва­ша­та од­лу­ка?

Марк: Зна­е­те ка­ко, ко­га ќе оти­де­те не­ка­де на од­мор, су­пер ви е, но по­ми­ну­ва вре­ме и са­ка­те да се вра­ти­те на­зад. Син ми по­сто­ја­но до­а­ѓа, но по­ра­ди об­вр­ски по­втор­но се вра­ќа. Ќер­ка ми не­о­дам­на изра­зи жел­ба да дој­де на по­дол­го во Ма­ке­до­ни­ја. Таа мно­гу са­ка де­ца, па ако, на­ви­сти­на, ре­ши да оста­не, ќе ја вклу­чам во мо­и­те ан­гаж­ма­ни за здра­ва ис­хра­на на де­ца­та.

10329180_229998943866298_5496587254141316369_n

Ај­вар по ре­цеп­тот на Марк:
Сме­са­та се со­стои од 70 про­цен­ти цр­ве­ни пи­пер­ки, 15 про­цен­ти мо­дар пат­ли­џан, 15 про­цен­ти ти­кви­ци, во неа се ста­ва мас­ло (ед­на по­ло­ви­на сон­чог­ле­до­во, ед­на по­ло­ви­на мас­ли­но­во), лук, мај­чи­на ду­шич­ка и жал­фи­ја (све­жи). На крај мал­ку оцет и ше­ќер.

Пишува: К.Н.К

(Текстот е објавен во 216 број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top