– Дојде време да ставиме крај на обидите за дестабилизација на Република Македонија, да ставиме крај на обидите за запирање на напредокот на државата. Изминатите 10 години нашата држава бележи исклучително позитивни резултати во сите сегменти и аспекти од опшественото живеење – изјави Диме Спасов од ВМРП ДПМНЕ кој денеска беше во посета на Жданец и Трнодол, каде што се сретна со граѓаните.
Тој додаде дека невработеноста е на најниско ниво во историјата на независна
– Само во Скопје невработеноста е намалена за 49 проценти. Ако во 2006 имаше околу 84.000 невработени лица, денес има само 43.000 невработени лица. Исто така и просечната плата е значително зголемена. Во 2006-та година просечната плата изнесуваше 13.700 денари, денес истата изнесува 22.300 денари што е зголемување за над 63 проценти. Тоа се показатели за успешните политики на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, наспроти деструктивните политики кои ги води СДСМ. Токму поради тоа граѓаните ќе ја дадат довербата за ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги казнат деструктивните политики кои ги води СДСМ – вели Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)