| четврток, 6 декември 2018 |

Серхио Агуеро си заминува од Манчестер Сити?!

serhio-aguero

Екипата на Манчестер сити во наредниот период би можела да остане без својот најдобар фудбалер. Како што соопштуваат медиумите од Островот, план за заминување од „Итихад“ има аргентинскиот голгетер Серхио Кун Агуеро.

Аргентинецот во последните два меча влезе од клупата за резерви, а медиумите велат дека постои несогласувања меѓу него и тренерот Пеп Гваридола. „Војната“ меѓу нив дополнително се разгорела пред мечот со Барселона, кога Агуеро решил да не се загрева како што треба во знак на револт затоа што е резерва.

Ако си замине, тогаш Агуеро ќе биде четвртиот фудбалер кого Гвардиола на некој начин го избркал од Манчестер сити. Досега, шпанскиот стратег се судри со Џо Харт, Самир Насри и Јаја Туре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top