| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот Ожие не размислува за пензија, почнува да се подготвува за следната сезона

sebastijan-ozie

Французинот Себастијан Ожие ќе продолжи да испишува историја и да доминира во Светскиот шампионат во рели откако ја освои четвртата последователна титула пред четири дена.

Ожие ги негираше шпекулациите дека ќе си замине од овој спорт и дека ќе се пензионира и најави дека веќе уште сега кова планови за петта последователна титула.

Ожие на две трки пред крајот на шампионатот се закити со нова титула, откако во неделата триумфираше во Каталинија. До крајот на сезоната има уште две трки, следната е во Велс, а последната во Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top