| четврток, 6 декември 2018 |

Интер победи, но како да играше во Англија, 7.000 фанови го бодреа Саутемптон на „Џузепе Меаца“ (видео)

sautempton

Синоќа во рамките од 3. коло од Лига на Европа италијански Интер првпат успеа да стигне до трите бода. На домашен терен на „Џузепе Меаца“ избраниците на Франк де Бур славеа минимална победа над англискиот премиерлигаш Саутемптон со 1-0, а стрелец на голот беше Кандрева во 67. минута од мечот.

Сепак, оваа премиерна победа на италијанскиот тим остана во сенка на феноменалната атмосфера која ја приредија фановите на „светците“ кои во огромен број допатуваа во Италија. Се претпоставува дека ги имаше над 7.000, а во продолжение погледнете каков беше соодносот на домашни и гостински фанови на легендарниот стадион. Едноставно изгледаше како Интер да игра на гости во Англија, а не пред своја публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top