Српскиот премиер Александар Вучиќ седумдневниот престој на Владата на Србија во Ниш, го завршил со многу подароци.
Така тој во Белград се вратил со јагнешка кожа, но и елек со извезен грб на Србија, топли волнени чорапи. Сепак впечаток на денот, освен обиколката на училиштата каде што поразговрала со дечињата, е тоа што пратеникот на СНС Милија Милетиќ испрпно зборувал за вијаграта – јадење белмуж со чијашто помош се прават деца, и го терал да го проба тоа!
На богатата трпеза која ја подготвиле домаќинките бил и белмуж, па Милетиќ го понудил Вучиќ да проба, информирајќи го како со негова помош го кренале наталитетот во крајот.
Инаку за време на престојот во Ниш, Вучиќ ги посетил и децата од предучилишна возраст. Кога тој отишол да ги посети дечињата во градинка, децата цртале зеленчук, па Вучиќ ги прашал:„Што е ова?“ „Домат“, „А што е ова?!“ „Пиперка“. „А дали е лута“„Да“.
-Е јас веќе не јадам лута пиперка – рекол Вучиќ!
Ова е и за очекување со оглед на тоа дека пред неколку дена Вучиќ се „изгоре“ од луто пиперче, кое го проба откако земјоделците од тој крај му го понудија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста