Сите знаеме колку шеќерите се лошо за нашето здравје, но според новата студија вештачките замени за шеќер можат да им отежнат на жените да останат бремени.
Научниците од универзитетот во Сао Паоло откриле дека жените кои често пиеле т.н диетални пијалоци кои се засладени со вештачки засладувачи, имале потешкотии со зачнувањето.
Во стдуијата учествувале 524 жени кои биле во процес на вонтелесно оплодување. Тие одговарале на прашањата какви навики имале за храна и пијалоци.
Резултатите покажале поврзаност меѓу вештачките засладувачи како што се захарин и сукралоза и слабата плодност кај жените.
извор: ама 365
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.