| четврток, 6 декември 2018 |

Два пати во еден час за поголема плодност кај мажите

секс 5Во истражувањето спроведено од болницата Норт Мидлсекс во кое  учествувале 73 парови да забременат по пат на вештачко оплодување се покажало дека два сексуални односи во период од еден час ја зголемуваат плодноста кај мажите.

– Постојат многу дезинформации кога станува збор за мажите кои имаат потпросечна плодност и неплодните мажи. Некои дури веруваат дека треба да ја „чуваат“ спермата што се разбира е потполно погрешно. Спермата во тестисите пропаѓа, па што е посвежа толку можноста за забременување е поголема, вели Џејсон Киркман Браун специјалист за човечките репродуктивни органи.

Мажите треба да знаат и дека возењето на велосипед го намалува квалитетот на спермата поради зголемување на цитокинот. При возењето машкото тело произведува повеќе цитокин, а тој ја оштетува спермата односно го менува обликот и функцијата на сперматозоидите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top