| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците шокираа со откритието, кое нема да им се допадне на убавите мажи

Дамите се принудени да одбираат  меѓу квалитетот на спермата и убавото лице.

muskarac

Студија објавена во магазинот „Журнал на еволуциска биологија“ открива дека мажите со привлечна надворешност произведуваат сперма со послаб квалитет.

qDldQUY

-Целата на истражувањето беше да се тестира потенцијална способност на изборот на плоден партнер – прецизираа шпанските, финските, колумбиските и австралиските научници, кои учествуваа во оваа студија.  Тие анализирале сперма на 50 студенти од Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Потоа ги покажале нивните фотографии на хетеросексуални мажи и жени на возраст од околу 20 години.

Жените имала задача да  изберат маж за долга врска, а мажите да покажат кои субјекти, според нив, им се привлечни на жените.

zgodan_1410349400_670x0_1454536320_670x0

За  „Убави“ биле означени мажи со мажествени црти на лице, како широка вилица. Но резултатите  меѓутоа покажаа  дека нивната сперма е со најслаб квалитет.

– Се покажало дека високо ниво на тестостерони може лошо да влијае на произведување сперма – појасниле истражувачите.

– По сè изгледа дека убавината доаѓа како еден вид компензација на послаба плодност – заклучиле тие.

JwZKdmo

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top