– СЈО покажа дека работи површно, врз паушални претпоставки кои немаат врска со вистината. Сите обвинувања се неточни. Ги отфрлам во целост. Тезите на Фетаи се рекла-казала, трач-муабети, груба манипулација со која СЈО сака да стави дамка во работењето на Министерството – изјави категорично министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која ги отфрли обвинувањата кон неа дека наводно потпишувала тендери без регуларна тендерска постапка.
Канческа-Милевска реагираше на обвинувањата од обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, и нагласи дека работењето на Министерството е чисто и законски.
– Сите проекти и сите постапки се работени според законите. Проектите се чисти како солза. Спроведувани се согласно законите во нашата држава. Секој може да дојде да ги погледне документите и да се увери во нивната законитост – рече Канческа-Милевска.
Таа ја одржува прес-конференцијата во Музејот на македонската борба зашто во т.н. предмет „Тендери“ кој го објави СЈО се спомнуваат токму договори поврзани со изградбата на овој музеј.
– Ова е музеј за македонска вистина, кој ја прикажува борбата на македонскиот народ за своја држава. Навистина е жално што нашата благородна идеја за ваков објект се става во заложништво на еден политички маркетинг кој е во функција на предизборието – рече министерката.
Таа рече дека очекувале професионален и пред сè објективен пристап во работењето на СЈО, во служба на вистината.
– При моето доаѓање на оваа функција бев свесна дека сите проекти треба да се контролираат и мора да се контролираат. За жал, морам да констатирам дека денешната конференција во СЈО е дел од однапред планирано сценарио во функција на политичка пропаганда која има цел да го оцрни работењето на Министерството за култура и на вработените во ова министерство – рече Канческа-Милевска.
Министерката нагласи дека сите вработени во таа институција чесно и посветено си ги вршеле своите обврски, чесно си ја вршеле својата обврска. Министерката презентира и документи со кои укажа дека потпишувањето на тендерите било во согласност со сите законски прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)