Италијански „Тутоспорт“ пренесува дека екипата на Јувентус е заинтересирана за услугите на дефанзивецот на ПСЖ, Тијаго Силва.
Бразилскиот репрезентативец го завршува договорот со париската екипа во јуни наредната година, па Јуве ќе се обиде да го убеди да се пресели во Торино. Сепак, клаузулата во договорот на Бразилецот вели дека автоматски ќе добие уште една година во францускиот шампион, доколку екипата се пласира во нокаут фазата во Лигата на Шампионите.
Овој податок би можел да се испречи на патот на потенцијалниот трансфер, бидејќи „старата дама“ е заинтересирана за него доколку не мора да плаќа откупна клаузула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.