| четврток, 6 декември 2018 |

Повреденото момче од уплав лажеше, сега полицијата го фати напаѓачот

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П. (29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело обид за разбојништво.

На 16 октомври околу 21.00 часот во Битола пријавениот пресретнал седумнаесетгодишно момче од Битола и му побарал пари. Откако оштетениот не му дал пари, почнала вербална расправија во која физички го нападнал оштетениот, а потоа со остар предмет му нанел две убодни рани во пределот на градниот кош.

Тој му се заканувал на момчето дека ќе му ја запали куќата и го навредувал со погрдни зборови, по што момчето прво во полиција лажело дека раните ги добило со самоповредување, за подоцна заедно со неговиот татко да го пријави делото.

Вчера полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени и одземени четири џебни ножеви, две лулиња и дробилка со остатоци од непозната растителна материја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top