| четврток, 6 декември 2018 |

Нов земјотрес синоќа во Јанина, јачината 4,5 степени според Рихтеровата скала (Видео)

Нов земјотрес го потресе грчкиот град Јанина, 23 минути по полноќ.

Јачината беше 4,5 степени според Рихтер, а епицентарот ист како и оној од пред 4 дена. Земјотресот беше почувствуван во поширокиот регион на областа Епир, но и на Крф и на Лефкада.

zemjotres

Сеизмолозите смируваат дека станува збор за класичен афтершок по силниот земјотрес од 5,3 степени според Рихтеровата скала, што се случи во саботата.

-Јачината на земјотресот не нѐ изненадува бидејќи е во рамките на афтершоковите и нема причина за загриженост – вели за грчката државна ТВ ЕРТ, Ефтимиос Лекас, претседател на Центарот за антисеизмички планирања и заштита.

Во рок од околу 1 час по земјотресот од 4,5 степени, биле регистрирани и 5 помали потреси меѓу 2 и 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Само 24 часа по силниот потрес од 5,3 степени според Рихтер во северозападниот дел на Грција, со епицентар 12 километри северозападно од Јанина, што се случи во саботата 1 час пред полноќ, беа регистрирани околу 200 помали земјотреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top