–Загрозена беше национална безбедност бидејќи Јанева ги бараше сите податоци од период 2008 до 31.12.2015 година. Имајќи во предвид дека се уште некои посебни истражни мерки траат не можеше да се обезбеди соодветно издвојување на податоците со кои може да се запознае обвинителството. Истите податоци Јанева инсистираше да ги добие што на тежок начин можеше да доведе до загрозување на животот на оперативните работници кои се уште работат на терен, објасни Андонов.
Постојат огромни ризици за системот ако нестручно се манипулира и дојде до прекин. Во периодот од 2008 до 31.12.2015 постојат актуелни посебни истражни мерки кои се спроведуваат во различни области на криминал, меѓу кои и тероризам, истакна вечерва директорот на БЈБ Митко Чавков.
Според него граѓаните мора да ја знаат вистината и толку затоа објасни дека припадници на единицата Алфа биле распоредени во околината на МВР, а во 14:30 се распоредиле пред УБК. Чавков истакна дека станува збор за лица кои од разни причини претходно биле отстранети од единицата, а по поставувањето на Спасовски се вратени во полициската единица.
–Навистина сакаат да создадат перцепција дека некој во УБК ги опструира, а од системот самите сфатија дека не може да ги извадат податоците, односно да направат експорт на податоци. Тој систем не е сопственост на МВР, на УБК, сопственост е на операторот и само овластено лице од него може да пристапи до тој систем. Се уверија во тоа и испратиле писмо до операторот за да добие овластување нивниот претставник во Македонија, истакна Чавков.
Во однос на неовластеното присуство на Алфите, Чавков рече дека во текот на утрешниот ден ќе се спроведе проверка и истрага.
–Јас разговарав денеска со началникот на СВР Скопје, тој не знаеше дека се ангажирани Алфите и не знаеше дека Алфите се присутни во кругот на МВР и се стционирани пред УБК. Тој беше изненаден и после моето јавување ги повлече луѓето, рече Чавков.
Директорот на БЈБ рече дека активирањето на Алфите секако е противзаконски и тоа ќе се докаже во текот на утрешниот ден, бидејќи треба да се види кој ги ангажирал, за која задача ги ангажирал и според кој критериум се определени токму овие луѓе да бидат ангажирани
–СЈО самите сфатија дека дошле неподготвени во текот на денешниот ден и од тие причини самите поднесоа барање некаде околу 20 часот до операторот, односно до „Ериксон“ да даде овластување на нивниот претставник во Македонија да оствари пристап до системот, кој, пак ќе повторам, не е во сопственост на УБК, значи не е сопственост на МВР, е во сопственост и администрирање на операторот. Така да УБК или МВР немаат никаква улога во тој дел. Доколку тие обезбедат експерт, стручно лице кое ќе може да ги извлече сите тие податоци, и пак ќе повторам не „имиџи“, зошто Катица Јанева употребува термини што не ѝ се познати, туку експорт на сите тие податоци коишто ги бараат, можност имаат да ги извадат. Сега видоа дека не се подготвени и не е тоа едноставно да се реализира, заклучи Чавков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.